Талант вриеше по мечот: Тој што ме нарече ‘пе.ер’ нека се појави пред мене, а Алекс не заслужи свирежи по се што направи за Вардар!

Тренерот на Кјелце, Талант Душебаев вриеше од нервоза по вечерашниот пораз на неговиот тим од 28-27 на гостувањето против Вардар во „Јане Сандански“ во Скопје.

Талант апсолутно за некоректна ја нарече паролата „Талант Петух“ појавена во салата со порака до него која е со навредлива содржина, но ги прокоментира и свирежите кон неговиот син Алекс Душебаев…

„Алекс воопшто не ги заслужи свирежите по се што направи за Вардар, но тоа покажува одредена навивачка култура… А, што се однесува до тоа петух треба да се знае дека тоа е крајна непочит и кон мене лично но и кон тимот и кон гостинот. Не е важно тој што ја ставил таа парола, но можеби тој што ја нарачал и што одобрил да се стави. Тој нека дојде пред мене и нека лично ми го каже тоа, па да поразговараме. Знаете што значи петух на руски. Тоа е педер. Тоа е крајна непочит“ – истакна по натпреварот Талант Душебаев.

Се вчитува...