Под палка на Бојан Милошевиќ, координатор за перспективни спортисти, и тренери од Белград, Калина Митева и Кристијан Митев од пинг-понгарскиот клуб „Пелагонија“ од Битола шест дена тренираа со најперспективните српски млади пинг-понгари и дел од избраните репрезентативци на Србија.
Тренинг кампот е резултат на веќе воспоставената соработка со Пинг понгарската федерација на Србија која претставува регионална мрежа за надградба и унапредување на нашите сегашни и идни играчи.
„Наша чест е што претставници од Српската федерација очекуваме и на тренинг кампот во Скопје од 7 до 10 Октомври во спортскиот центар Јане Сандански“ – порачаа од Пинг-понгарската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
