Талентот на МЗТ Скопје доби повик од татковината

Младата ѕвезда на МЗТ Скопје, талентираниот Самет Јигитоглу се најде на поширокиот список на турската репрезентација за натпреварите од новиот прозорец од квалификациите за Светското првенство 2023. Тоа не е прв пат центарот да се најде на списокот на Ергин Атаман, така беше и за Евробаскетот, но тогаш отпадна со оглед на минималното искуство.

Сега работите се променети, а со оглед на тоа што селекторот нема да може да смета на ѕвездите кои настапуваат во НБА лигата и на поголем дел на оние кои се натпреваруваат во Евролигата нема да биде изненадување да се најде меѓу дванесетте кошаркари кои ќе си ги одмерат силите со Белгија и Србија.

Со тоа уште еднаш се покажува класата која со себе ја носи 18-годишникот кој веќе две години настапува во македонското првенство. Оваа сезона добива шанса и во стартната петрока за настапите од АБА каде бележи просек од 8.0 поени и 6.2 скока.

Како потсетување тој беше претходната сезона беше дел и од собирот на младите европски ѕвезди предводен од легендарниот Василис Спанулис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Türkiye Basketbol Federasyonu (@tbf)

Се вчитува...