Талески: Дозволивме повторно Лазаров да не спасува

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Ракометната репрезентација на Македонија покажа дека неважно кој е противник секогаш приредува трилер завршници. Овој пат иако бевме фаворити и во текот на целиот меч водевме сепак на крајот Кирил Лазаров со гол во последната секунда донесе триумф од 26-25. Репрезентативниот бек, Филип Талески вели дека мора во следните мечеви посконцентрирано да влезат во финишот од мечот, да не треба повторно Кире да ги спасува.

„Ова за нас треба да биде една поука. Педесет минути го имавме резултатот во наша корист, а на крајот моравме да решаваме во последните моменти и повторно Кире да не спасува. Мораме да го поправиме тоа во следните мечеви и да одиграме поконцентрирано“, изјави Талески. 

Македонија во следното коло ќе игра против Чешка .

Се вчитува...