Талески: Имаме еден проблем што треба да го решиме до стартот на ЕП…

Филип Талески беше меѓу клучните ракометари, како во нападот, така и во одбраната на денешниот дуел со Израел што македонската репрезентација го доби со 31-28.

Бекот на Вардар презема се поголема улога во националниот тим, а во изјавата за медиумите по мечот потенцираше еден проблем што ќе треба да се реши до стартот на европскиот шампионат и премиерниот меч со Словенија закажан за 13 јануари.

„Мислам дека прво би кажал дека мораме побрзо да се враќаме назад, мислам дека тоа ни беше слаба точка на овој натпревар. Она што го анализиравме, се оствари, цело време натпреварот беше турбулентен. И во нападот имавме доста технички грешки, тоа треба да го намалиме на една или две по натпревар, но тоа се работите што треба да ги подготвиме. Добро сме спремни, можеме да трчиме, но таа навика за враќање назад треба да се подобри до стартот на ЕП“, изјави Талески.

Се вчитува...