Талески: Јавноста плука по нас, тоа ми беше голем мотив…

Филип Талески блесна кога беше најважно, постигна четири гола во последните десет минути и беше меѓу најзаслужните за победата над селекцијата на Исланд. По мечот, тој не го криеше задоволството од тримфот, но и го искажа револтот од честите критики на негова адреса во изминатиот период.

„Мораме да бидеме многу задоволни од овој натпревар. Во првите десетина минути имавме проблем со одбраната, во вториот дел ја сменивме формацијата од 5-1 во 6-0 и тоа вроди со плод. За нас оваа победа дефинитивно ја зголемува самодовербата пред наредниот домашен натпревар со Исланд и последните две средби од овие квалификации. Јас секогаш сакам да бидам еден од носителите на репрезентацијата со помош на нашиот капитен, но морам да кажам дека сум револтиран од дел од македонската јавност што плука по нас. Тоа ми беше мотив повеќе, јас знам дека можам, денеска покажав за што сум способен и се надевам дека во ист стил ќе продолжам и на следните натпревари“ – истакна Талески.

Следен предизвик за македонскиот национален тим е нов дуел со Исланд, овојпат на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“, в недела со почеток во 20 часот.

Се вчитува...