Талески ќе добие одмор летово, Кире Лазаров го скрати списокот за Медитеранските игри

Селекторот Кире Лазаров го скрати списокот на играчи во пресрет на Медитеранските игри што летово ќе се одржат во Алжир, објавувајќи нова листа од 21 ракометар кои ќе треба да се појават на првиот ден од подготовките, закажани за 13 јуни.

Филип Талески, кој беше дел од поширокиот список, сепак нема да биде дел од македонскиот состав во Алжир, откако бекот на Вардар по пренапорните неколку месеци ќе добие заслужен одмор во текот на летово.

Македонија на Медитеранските игри се очекува да биде предводена од Дејан Манасков, кој се рехабилитираше од тешката повреда и ќе го искористи ова натпреварување за влегување во топ-форма пред почетокот на наредната сезона.

Се вчитува...