Талески: Критиките се добредојдени, но некогаш се премногу лични

Репрезентацијата на Македонија со само една победа над Чиле го заврши настапот на Светското првенство во Египет. Факт е дека мораше подобро и покрај големиот квалитет на противниците кои ги имаа „црвено-жолтите“.

Репрезентативниот бек Филип Талески во интервју за Македонснката радиот телевизија вели дека народот повторно ќе биде горд на репрезентативците и дека ракометот останува спорт број еден во Македонија.

„Дојде време ние младите да преземеме одговорност. Мора да ги решиме „бубачките“ во нашите глави за да дојде денот да ја водиме репрезентацијата. Критиките се добредојдени, но некогаш се премногу лични. Јасно е дека ракометот е спорт еден во Македонија и нормално е луѓето секогаш да очекуваат одлични резултати од нас. Но, луѓето не се запознаени каква е хемијата во репрезентацијата. Сликата од надвор не е таа вистинската како ние функционираме. Македонија ќе биде повторно горда на ракометарите. Имаме светла иднина и јас верувам во тоа“, изјави Талески за МРТВ. 

 

Се вчитува...