Талески: Можевме да завршиме голема работа во Чешка, но прокоцкавме многу во финишот

ЕКИПА во Злин, Чешка

Стеван Цаневски

Ракометната репрезентација на Македонија ремизираше (24-24) во првиот натпревар против Чешка во бараж двомечот за пласман на Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Полска и Шведска. „Црвено-жолтите“ и покрај поволниот резултат, мора да жалат за ремито бидејќи во еден момент во мечот имаа и плус седум (10-17).

Репрезентативниот бек, Филип Талески вели дека можеа да завршат добра и голема работа уште во Злин, но дека ја прокоцкаа во последните дваесетина минути.

„Можевме и тука да завршиме добра работа, но прокоцкавме многу. Имавме контрола до 42, 43 минута. Квалитетна одбрана, сигурни во напад. Ги изненадивме на стартот во второто полувреме со брзите голови на почеток. Дури се свестија требаше уште малку да нагазиме за да завршиме голема работа тука. Но, што е тука. И ова реми пред натпревар да ни го дадеа ќе го прифатевме со задоволство. Ова ќе не држи свесни. Знаеме дека Чешка е квалитетен противник. Ќе не анализираат добро и имаат четири дена да се подготват за нас. Очекуваме уште подобра и поквалитетна игра од нив. Очекувам да променат нешто во одбраната за вториот меч. Во напад тоа е тоа од нив. Им недостигаат некои играчи поради повреда. Ние мора да се фокусираме на нашата игра. Не смееме да имаме падови како во второто полувреме. Ако играме како до 42. минута можеме да одиме на светско. Тажни сме бидејќи изгубивме победа и не смееме тоа да го дозволиме во Скопје. Знаеме што не чека во Скопје, полна сала и се надевам дека со поддршка на навивачите ќе се пласираме на Светско првенство“, изјави Талески. 

Се вчитува...