Талески: Ни треба една победа над Исланд, за да не си направиме проблем…

Македонските ракометари утрово отпатуваа за Исланд, каде утре ќе го играат третиот натпревар од групната фаза во квалификациите за ЕП 2020. Поразот во Грција ја искомпликува ситуацијата, па сега никако не смее да се дозволи да се претрпат два порази во дуелите со Исланд, нешто за што се свесни сите во македонскиот национален тим.

„Често играме со Исланд, оваа селекција е наш стар познаник. Свесни сме за влогот на овој двомеч, не смееме да си дозволиме да не играме на ЕП, тоа би донело голем пад за нашата репрезентација. Нема да дозволиме такво нешто. Свесно сме претпазливи пред двомечот со Исланд, знаеме дека против себе ќе имаме квалитетен противник. Ни треба најмалку една победа, ако не излезе ситуацијат акако што посакуваме, ќе се соочиме со сериозен проблем“ – истакнува Филип Талески.

Се вчитува...