Македонскиот голман Давор Талески својата кариера ќе ја продолжи во албанскиот прволигаш Билиш Балш.
24-годишниот Талески минатава сезона настапуваше во дресот на грчката АЕЛ Лариса, но откако не успеа да се избори за стандардно место во првиот тим се одлучи на преселба во албанското првенство.
Претходно во својата кариера македонскиот чувар на мрежата настапуваше и за прилепска Победа, како и за финскиот прволигаш Хонка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА