Талески: Помалку грешки ако сакаме да победиме во финалето

Филип Талески беше најдобар поединец во таборот на Вардар при победата над Еурофарм Пелистер 2 и пласманот на „црвено-црните“ во финалето од ракометниот Куп на Македонија.

Македонскиот репрезентативец на прес-конференцијата по полуфиналето беше задоволен од конечниот исход, но и предупреди дека „вардарци“ ќе мораат да го намалат бројот на загубени топки ако сакаат да стигнат до пехарот.

„Свесни бевме дека нема да биде толку лесно да победиме во ова полуфинале, како што тоа беше случај со последниот дуел против овој ривал во Скопје. Ракометарите на Пелистер 2 одиграа квалитетни 60 минути во одбрана, а пресуден фактор беше нашето искуство. Сепак, направивме доста грешки, таа бројка ќе мораме да ја сведеме на минимум за она што е пред нас во финалето“, истакна Талески.

Се вчитува...