Талески: Првенството е една голема шлаканица за нас

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Ракометната репрезентација на Македонија со пораз од Данска (31-21) го заврши настапот на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Данска. „Црвено-жолтите“ групата во Дебрецин на крајот ја завршија на последното место со три порази во исто толку натпревари.

Репрезентативниот бек, Филип Талески по мечот со Данска вели дека целиот шампионат ќе биде една голема шлаканица за нив.

„Го завршуваме првенството со трет пораз. Можам да кажам дека имавме се во свои раце. Отворивме перфектно со 4-0 исто како и со Словенија, но не знаевме тоа да го искористиме. Мора да работиме на падовите во играта кои што не смеат да се дозволат ако сакаме да правиме подобри резултати. Првенството ќе биде голема шлаканица за нас бидејќи се беше во наши раце, но ништо не искористивме. Сите работи ни се дланка ние мора само да го искористиме тоа, а ние потфрливме на ова првенство“, изјави Талески. 

Се вчитува...