Талески: Свесен сум дека сум најомразен спортист меѓу народот

Филип Талески долго важеше за најталентиран македонски ракометар, но сепак по трансферот во Рајн-Некар Левен од редовите на Металург неговата кариера не се разви во посакуваниот правец.

Дополнителен притисок врз левиот бек предизвикуваат бројните критики, но и жестоки навреди на негова адреса, за што Талески говореше за време на интервјуто за “Backstage”.

„Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот. На моите интервјуа и на моите статии има најмногу омразени коментари. Никој не им забранува на луѓето да коментираат, но на секој треба да му се забрани директно во пораки да им се обраќа на спортистите. Според мене тоа е недопустливо, секој коментира и затоа ги има тие омразени коментари“, изјави за „Backstage“ левиот бек.

Се вчитува...