Талески: Требаше да ја материјализираме одличната партија на Ристовски

Филип Талески имаше солидни изданија во домечот со Исланд во кој макеоднскиот национален тим освои четири бода. Тој е задоволен од бодовното салдо иако како што вели мораше да биде матерјализирана одличната партија одличната партија на Борко Ристовски на голот.

„Да ни нудеше некој три бода пред двата дуела ќе ги прифатевме без размислување. Првиот натпревар одигравме одлично во напад, во одбрана се мачевме исто, но за разлика од Рејкјавик, Ристовски беше одличен и моравме таа негова партија да ја материјализираме со победа. Одиме напред со две победи на крај сме први и тоа за нас ќе биде одлично бидејќи ќе имаме поволна ситуација на ждребот за Европското првенство. Немавме многу време да се подготвиме бидејќи патувавме 16 часа во двата правци до Рејкјавик и назад и можеби тоа придонесе на мечот да бидеме малку и уморни. Не треба да се вадиме на ништо, бидејќи натпреварот во Скопје го изгубивме во нападот. Можевме да добиеме, но сепак и нерешениот резултат е одличен“, изјави Талески.  

Македонската ракометна репрезентација овој евроквалфикациски циклус го завршува во средината на јуни кога ќе ги одигра дуелит против Турција и против Грција. По четири одиграни кола, нашиот тим има пет бода исто колу и второпласираниот Исланд.

Се вчитува...