Тандемот Коцев – Кондев останува во Тиквеш и во следните две години (ФОТО)

Ракометнииот клуб Тиквеш и во иднина ќе може да смета на услугите на Дарко Кондев и Димитар Коцев откако крилните играчи денеска и официјално ја продолжија соработката со тимот.

Истата трае од пред две сезони, а продолжи и следните две, потврди клубот.

„Тимот кој победува не се менува!

Тандемот Коцев / Кондев кој веќе 2 сезони е во ГРК Тиквеш 2014 само го потврдува тоа.
ГРК ТИКВЕШ 2014 и следната година на својата лева крилна позиција ќе ги има Дарко Кондев и Димитар Коцев“, стои во објавата на кавадаречкиот клуб.

Се вчитува...