Таневски: Негативата од 1-3 не е недостижна!

Шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Александар Таневски верува дека неговиот тим може да се избори за позитивен резултат против ерменски Алашкерт кој може да значи и пласман во следната рунда од квалификациите во Лигата на Европа.

„Лавовите“ на првиот дуел од првото квалификациско коло загубија со 3-1 во Ерменија, па сега мора да бркаат негатива од два гола во Скопје.

„Негативата од 3-1 е достижна. Сега знаеме многу повеќе за Алашкерт. Ако изгубите и 1-0 повторно морате да дадете два гола. Подготвени сме и ќе дадеме се од себе за да минеме во следното коло. Ќе се обидеме да одиграме поофанзивно и да постигнеме брз гол. Верувам дека момците ќе ги исполнат задачите“ – истакна Таневски на прес-конференцијата пред утрешниот дуел.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Алашкерт се игра утре со почеток од 16:30 часот на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Се вчитува...