Танкоски: Трансферот во Пелистер ми е чекор напред во кариерата

Македонскиот репрезентативец Марио Танкоски чекаше една година, но на крајот му се исполни желбата да се пресели во таборот на Пелистер. Младиот и перспективен бек и лани беше договорен со Еурофарм, тогаш трансферот не се реализираше поради отштетата што ја бараше Металург, но „фармацевтите“ сега немаа таква пречка, па вчера и официјално потпишаа тригодишен договор со Танкоски.

Овој 21-годишен ракометар, роден во Струга, е максимално мотивиран во пресрет на новото поглавје во кариерата.

„Доаѓам во сериозен клуб и нашите амбиции се бидеме шампион на Македонија и да игра на високо ниво и во Европа. Еурофарм Пелистер е добро организиран клуб. Ќе имам можност да работам со одличен тренер и сметам дека овој трансфер е чекор напред во мојата кариера Верувам дека ќе се состави еден силен и компактен тим, добар кој ќе конкурира во Европа и во СЕХА лига“, изјави Танкоски за официјалната веб-страница на „пелистерци“.

Се вчитува...