Танцот на Погба, поздрав до Мурињо (видео)

Пол Погба со два гола во првото полувреме донесе водство од 2-0 за Манчестер Јунајтед на дуелот со Бурнемаут, продолжувајќи со извонредните настапи во дресот на „ѓаволите“ по заминување на Жозе Мурињо од менаџерската функција.

Французинот првиот погодок го прослави и со оригинален танц, јасно ставајќи до знаење колку е среќен во Манчестер сега кога Мурињо повеќе не е „шеф“ во овој клуб.

 

 

Се вчитува...