Танушев ја засилува прилепска Победа

Прилепска Победа за следната сезона се засилува и со фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Танушев.

27-годишниот Танушев ги напушта редовите на Силекс и е пред преселба во Победа. Фудбалерот од средниот ред веќе се приклучи на подготовките на прилепчани во Банско, Бугарија, по што наредниот период се очекува и неговата официјална промоција во новиот клуб.

Претходно во својата кариера Танушев има настапи и за Борец Велес, Брегалница, Хоризонт Турново, но и српскиот суперлигаш Пролетер и БСК Борча.

Се вчитува...