Тарибо Вест го привлече вниманието на италијанската јавност со интервјуто дадено во еден нигериски весник, во кое поранешниот дефанзивец тврди дека бил избркан од Милан под влијание на италијанската мафија. Тој настапуваше за Интер од 1997 до 1999 година, а потоа ја мина сезоната 1999/2000 во дресот на Милан, од каде си замина поради чести повреди.
Сепак, според Вест вистината за тој период од неговата кариера е сосема поинаква.
„Мафијата стори се за да ме избрка од Милан и на крајот успеа во тоа. Лажеа преку медиумите дека сум повреден, на крајот и докторите го повторија тоа. А се беше лага, докторите беа поткупени од мафијата. Зошто? Мислам дека беше затоа што за „росонерите“ беше незамисливо африкански фудбалер да го заземе местото на ветераните Малдини и Костакурта, кои беа недопирливи во екипата“ – изјави Вест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА