Тасевски: Фудбалерите ја сфатија важноста на бодовите

Работнички дојде до првата пролетна победа славејќи против Победа со 0-1 во Кичево. Тренерот Жикица Тасевски е задоволен од изданието на тимот, истакнувајќи дека фудбалерите успешно го надминале и психолошкиот товар што го носеше значењето на мечот.

„Тимот го издржа психолошкиот притисок, едноставно моравме да победиме по двете ремија на стартот на пролетниот дел од првенството. Фудбалерите ја сфатија важноста на бодовите, одигравме мудро, дисциплинирано и на квалитет го добивме натпреварот. Го отворивме мечот навремено со погодок и потоа ја имавме контролата. Освоени се трите бода, тоа е најважно, сега ја затвораме таа приказна и се фокусираме на следниот многу важен натпревар против Академија Пандев“, изјави шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...