Тасевски: Голема победа во дербито со Вардар

Работнички оствари значаен триумф (0-1) над Вардар во градското дерби и се искачи на четвртата позиција на табелата со 20 освоени бода. Тренерот Жикица Тасевски изразува задоволство од настапот на својот тим и освоените три бода, но вели дека многу важно е победата да биде потврдена со ново добро издание и против Македонија ЃП в недела.

„Остваривме голема победа во дербито со Вардар. На такви натпревари, бодовите се најважни, а ние успеавме да стигнеме до нив со голема борба и максимална тактичка дисциплина во текот на целиот натпревар. Тимот се издигна на посакуваното ниво, но сега е уште поважно да го задржиме истиот ритам и на следниот меч против Македонија ЃП в недела. Работнички мора да игра добро и да победува во континуитет“, изјави шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...