Тасевски: Им даваме многу подароци на противниците

Тренерот на Работнички, Жикица Тасевски, не е задоволен од ремито (1-1) против Силекс во 20.коло. Тој потенцира дека „романтичарите“ да ги намалат грешките со кои им овозможуваат на противниците лесно да постигнат погодок.

„Противниците добиваат многу подароци од нас. Правиме грешки кои се недозволиви и ќе мораме да го задржиме фокусот во текот на целиот натпревар, Загубивме четири значајни бода на домашен терен во првите две кола и ќе мора тоа да го надоместиме со добри игри и резултати на наредните мечеви. Ќе работиме напорно и мора да се подобриме во периодот што следи“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски за официјалниот сајт на клубот.

По двете ремија на домашен терен, Работнички во следното коло ќе и гостува на Победа.

Се вчитува...