Тасевски: Моравме поискусно да го приведеме мечот до крај

„Романтичарите“ жалат за испуштената победа против Ренова на стартот од пролетната полуетапа. Работнички имаше водство до самиот финиш, но не успеа да го претвори во триумф. Во судиското продолжение од мечот, Ренова израмни од пенал на 1-1.

Тренерот Жикица Тасевски жали за испуштениот триумф, вели дека Работнички мораше на поискусен начин да го приведе натпреварот до крај.

„Имавме водство до самата завршница, а потоа ни се случи грешка со која Ренова стигна до израмнување. Моравме поискусно да го приведеме натпреварот до крај и искрено, жалиме за испуштените два бода. Поведовме во вистински момент, на самиот крај на првото полувреме, игравме добро, можевме и порано да го решиме мечот. Се држевме одлично и со играч помалку и на крајот сепак не успеавме да победиме. Ова треба да ни биде добра лекција, но нема разочарување, ќе извлечеме поуки и ќе се подготвиме подобро за следното искушение“, изјави шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...