Тасевски: Новите засилувања ќе треба добро да ги воиграме

Работнички се засили со седум нови фудбалери во зимскиот преоден рок и тоа ќе биде мисијата на тренерот Жикица Тасевски и стручниот штаб, да ги воигра комплетно во тимот што ќе настапува во пролетниот дел од сезоната. Зимските подготовки влегуваат во втората седмица, а се работи напорно на подобрување на физичките способности, но и на воигрување на тимот.

„Работиме напорно, амбициите на клубот се јасни и се надеваме дека ќе ги исполниме во пролетниот дел од првенството. Се засиливме со неколку нови фудбалери, квалитетот е реално зголемен, но ќе треба добро да се воиграме и да вклопиме една добра целина. Затоа и напорно работиме. Следната фаза од подготовките ќе биде реализирана во турската база Анталија, каде ќе имаме тестови со меѓународни противници“, изјави шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...