Тасевски: Потребна ни е победа без примен гол против Македонија ЃП

Работнички утре, со почеток во 13 часот на арената „Филип Втори“ ќе го игра реванш натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија. По првиот меч во Ѓорче Петров, „романтичарите“ имаат негатива од еден гол (0-1) и за тренерот Жикица Тасевски јасна е пресметката за пласман во полуфиналето.

„Треба да одиграме многу подобро од последниот дуел со Шкупи. Потребна ни е победа без примен гол. Да бидеме дисциплинирани максимално на тактички план, да не му дозволиме на противникот да постигне гол. Се надевам дека ќе одиграме на многу повисоко ниво, и ќе успееме да ја оствариме целта“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски, за официјалниот сајт на клубот.

На останатите три меча се среќаваат: Беласица – Силекс (2-0), Победа – Шкендија (1-0), Кораби – Академија Пандев (1-3).

Се вчитува...