Тасевски: Следните 20 дена се клучни за Македонија ЃП

Македонија ЃП продолжува со одличните игри во домашниот шампионат. Последен на менито на „лавовите“ беше Работнички кој го поразија со 1-3. Тренерот на клубот, Жикица Тасевски вели дека неговите играчи се најзаслужни за одличните резултати на тимот во новата сезона.

„Атмосферата во нашиот тим е неверојатна. Едноставно фудбалерите дишат еден за друг. Во соблекувалната се е феноменално. Одигравме уште еден неверојатен меч. Го добивме Работнички на „Тодор Проески“ што никогаш не е лесно. Го добивме натпреварот и тоа без услугите на Калид кој имаше пет жолти картони. Сепак, и покрај одличните партии се уште сме со ладни глави. Не смееме да се залетуваме. Македонија оди од меч во меч, следните 20 дена ќе бидат клучни за нас. Сега не чека натпревар од Купот на Македонија, а потоа и двата најважни натпревари во есенскиот дел од шампионатот против Шкупи и Шкендија. Одиме од натпревар на натпревар, без никакви предвремени калкулации“, вели Тасевски. 

Веќе во среда Македонија ја чека Куп натпреварот против Беласица во Струмица, а потоа се двата натпревари против конкурентите за титулата Шкупи и Шкендија.

Се вчитува...