Тасевски: Респект за Работнички, на утрешниот дуел ќе решаваат нијанси

Силекс утре (14 часот) му гостува на Работнички во рамките на 23.коло од Првата фудбалска лига, а овој дуел е мошне важен за двата тима околу трката за излез во Европа. Кратовци имаат две побед и реми во последните три меча, и сакаат позитивниот тренд да го продолжат и на „Телеком Арена“ во пресметката со „романтичарите“.

Тренерот на Силекс, Жикица Тасевски, кого го врзуваат убави спомени и за Работнички, вели дека има максимален респект за клубот од Дебар Маало, но очекува добар натпревар на својот тим и позитивен резултат.

„Максимален респект за Работнички. Тоа е клуб во кој сум минал убави моменти, но сега сум тренер на Силекс и секако дека професионално и јас и моите фудбалери ќе го дадеме својот максимум за да избориме позитивен пласман. Ова е важен натпревар за двете екипи, ќе го решаваат нијанси, а се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме“, истакнува Тасевски, во пресрет на утрешниот дуел со Работнички.

Се вчитува...