Тасевски: Не треба да се трошат зборови за Шкендија која го има најдобриот фудбалер во Македонија, Бесарт Ибраими

Македонија Ѓорче Петров и гостува на Шкендија утре во дерби натпреварот од 14. рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Тренерот на „лавовите“ Жикица Тасевски очекува натпревар каков што доликува на двете првопласирани екипи на табелата.

„Кога играат првиот и вториот тим во лигата натпреварот мора да биде добар и незивесен. Не сакам да трошам заборови за тимот на Шкендија за кој сите знаеме колку е квалитетен. Буквално на секоја позиција имаат минимум по двајца квалитетни фудбалери, а предводени се од најдобриот фудбалер последната деценија во домашниот шампионат, Бесарт Ибраими. Очекувам убав и отворен натпревар. Ние нема да се браниме и ќе се обидеме со гол повеќе да стигнеме до бодови“ – вели Тасевски. 

Натпреварот кој ќе се игра на Градскиот стадион во Тетово е закажан за утре со почеток од 13 часот.

Се вчитува...