Тасевски утре ги прозива „романтичарите“, доаѓа и Дејан Блажевски

Фудбалскиот прволигаш Работнички утре ќе ги стартува зимските подготовки. Тренерот Жикица Тасевски во 13 часот ќе ја изврши првата прозивка на фудбалерите, а потоа ќе биде одржан и првиот тренинг. Како што објави клубот, според веќе утврден план, првата фаза од подготовките ќе се реализира во Скопје, а главниот сегмент од подготовките ќе се одвива во турскиот туристички центар Анталија.

„Одморот заврши, од утре стартуваме со работа. Прозивката е закажана за 13 часот, по што веднаш почнуваме и со реализација на планот за тренинзи. Не очекува напорен период, но мора добро да се подготвиме за пролетните искушенија“, изјави шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски, за официјалниот сајт на клубот.

Што се однесува до засилувањата, во Работнички се врати напаѓачот Баже Илијоски, се очекува на првата прозивка да се појави и Дејан Блажевски, со кого е договорена соработка, а треба да се приклучат и три странски засилувања, Бугаринот Николај Дилгеров и Бразилците Асуерио Барбоса и Жунињо Кабрал.

Се вчитува...