Тасевски: Важна победа против Ренова, заслугите одат за фудбалерите

Жикица Тасевски успеа веднаш да го препороди Работнички и да го врати во победнички ритам. Совладана е Ренова на гости со 0-2, а тој заслугите им ги припишува на фудбалерите.

„Ова е многу значајна победа, остварена на тежок терен, против квалитетен ривал. Ренова беше во налет, има одличен тим, а ние успеавме да ги неутрализираме и да оствариме победа. Заслугите одат за фудбалерите, одигравме храбро, знаевме што сакаме и тоа го демонстрираа на теренот. Имаше и Ренова свои шанси, а во некои моменти среќата беше на наша страна. Но, најважни се трите бода, остварената победа и вратената самодоверба. Сега ќе се подготвуваме за следното искушение, гостувањето против Силекс во Кратово“, изјави Жикица Тасевски за официјалниот сајт на клубот.

Работнички по десет одиграни кола во македонскиот шампионат се наоѓа на четвртата позиција, со 14 освоени бода.

Се вчитува...