„Татко ми го мрази Јуве, јас никогаш не би отишол таму“

Јувентус е во потрага по нови засилувања за следната сезона, а ограничениот буџет за трансфери придонесе „црно-белите“ да се свртат кон домашното првенство.

Високо на листата на желби кога станува збор за одбраната се наоѓа Рикардо Калафиори, младинскиот репрезентативец на Италија кој настапува во извонредна форма во дресот на Болоња. Според „Трансфермаркт“, вредноста на Калафиори за нецела година скокна од пет на 25 милиони евра, Јуве е подготвен да ја плати и оваа сума, но младиот фудбалер јасно стави до знаење дека нема намера да се пресели меѓу „црно-белите“ од Торино

„За мене Јувентус би бил чекор назад во кариерата во однос на Болоња, клуб кој функционира на правилен начин. Со задоволство би останал овде, наместо да го облечам дресот на Јуве. Мојот татко го мрази Јувентус, а јас го почитувам татко ми. Не постојат пари за кои јас би заминал во овој клуб“, порача Калафиори.

Се вчитува...