Новак Ѓоковиќ без загубен сет се пласираше во финалето на УС Опен, во полуфиналната пресметка лесно справувајќи се со младиот Бен Шелтон, домашната сензација на годинашното издание на турнирот.
А, пласманот во финалето Ѓоковиќ го прослави со „спуштање слушалка на фиксен телефон“, што пак беше заштитен знак во низата за Шелтон за време на турнирот во Њујорк. По мечот Ѓоковиќ доби прашање за прославата на што одговори:
„Ми се допадна начинот на кој Бен прославува, и едноставно ја украдов неговата прослава“.
Но, според тениските аналитичари јасно е дека Ѓоковиќ не сакаше да го копира Шелтон, но јасно му испрати порака за неговиот арогантен начин на прослав и потценувачки однос кон противниците. На сето тоа, од поранешните тениски легенди, наиде на поддршка затоа што така млади тенисери како Бен не треба потценувачки да се однесуваат кон противниците.
Сепак, тоа, очекувано, не му се допадна на таткото на Бен, Брајан Шелтон кој го нападна Ѓоковиќ…
„Новак многу сака сите да го сакаат… А, тоја сакаше да му се потсмее на Бен по мечот. Не го направи тоа за само да ја копира неговата прослава. Беше сето тоа само за да го исмее. Штета е шампион како него така да се однесува“ – вели Брајан Шелтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА