Tаткото на Ѓоковиќ: Србија ја бомбардираа 20 земји, a Новак успеа и покрај тоа

Новак Ѓоковиќ минатата седмица загуби од Роџер Федерер на завршниот мастерс во Лондон и поради тоа остана без првото место на АТП листата. Публиката во Лондон со воодушевување ја пратеше секоја грешка на Србинот. Однесувањето на публиката со денови беше една од главните теми во светот на тенисот. Голем број тенисери застанаа во одбрана на Ѓоковиќ, а сега се јави и неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ.

„Новак се појави во незгодно време за Србија и српскиот народ бидејќи ја врати вербата и покажа дека не сме геноциден народ, дека не сме најлоши на светот и дека сме дел од европската култура и цивилизација. Не е можно еден господин како што е тој да доаѓа од еден „геноциден народ“ каков што не сметаа. Тоа е нечива етикета што не е во ред и поради тоа ќе добива свирежи во Лондон, Њујорк и останатите светски метрополи. На Новак тоа му паѓа многу тешко. Тој доаѓа од една мала земја која ја бомбардираа 20 европски сили, замислете какви јунаци се тие. Тој се избори со сето тоа и стана најдобар тенисер на светот“, вели Срѓан Ѓоковиќ. 

Се вчитува...