Таткото на норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд, Алф Инге Халанд, повторно ги поттикна шпекулациите за иднината на својот син, откако во интервју за ДАЗН зборуваше за можноста тој еден ден да заигра за Реал Мадрид.
Пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Норвешка и Бразил, таткото на Халанд беше прашан дали неговиот син би можел во иднина да заврши на „Сантијаго Бернабеу“.
„Не сакам премногу да зборувам за други клубови. Ерлинг е среќен во Манчестер Сити и има долгорочен договор, но секој фудбалер сака да игра за Реал Мадрид“, изјави Алфи Халанд.
На прашањето дали го гледа својот син во Шпанија еден ден, тој вели:
„Можеби, можеби… Во фудбалот секогаш постојат можности. Во Шпанија има фантастични тимови и големи клубови. Никогаш не се знае што носи иднината, но во моментов тој е во Англија и таму е среќен“, заврши Халанд сениор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
