Младиот норвешки фудбалер Ерлинг Халанд е вистински хит сезонава во Европа. Во само девет натпревари во дресот на Борусија Дортмунд тој успеа 12 пати да се запише во листата на стрелците. Во спортските кругови се шпекулира дека Халанд нема уште долго да остане на „Сигнал Идуна“ паркот, а еден од кандидатите за неговиот потпис е Реал Мадрид. Таткото на младиот фудбалер вели дека Ла лига би била идеална лига за неговиот син.
„Не поврзуваат со многу тимови од Европа, но знам дека Ла лига би била идеална за мојот син. Има одлични тимови во првенството, но никогаш не се знае“, изјави Халанд постариот.
Халанд во Борусија Дортмунд пристигна од редовите на австрискиот шампион Ред Бул Салцбург за сума од 20 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА