Таткото на Мбапе е во постојан контакт со Реал Мадрид

Таткото на Килијан Мбапе бил во постојан контакт со Реал Мадрид околу потенцијалниот трансфер на неговиот син летово од Франција во Шпанија, но младиот француски репрезентативец во носењето на конечната одлука го спречувала желбата со Пари Сен Жермен да освои титула во Лигата на шампионите.

Најтрофејниот клуб вo елитното фудбалско натпреварување наводно ќе се обидува да го привлече Мбапе со неверојатната подуда од рекордни 280 милиони евра. Сепак Мбапе не сакал да го напушти клубот без титулата во Лигата на шампионите бидејќи тоа ќе го сметал за неуспех.

Големата ѕвезда на францускиот и на светскиот фудбал призна дека со ноќи не спиел по изненадувачката елиминација на ПСЖ од Манчестер Јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...