Таткото на Новак лудо ја прослави титулата на својот син во Мелбурн (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ испиша историја откако успеа да стигне до својата 22. гранд-слем титула и да се израмни на врвот на вечната листа со големиот ривал Рафаел Надал. Србинот до 10. рекордна титула на Австралија опен стигна откако во финалето славеше над Гркот, Стефанос Циципас со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 7-6.

После четвртфиналето таткото на Новак, Срѓан не беше на „Род Лејвер“ арената поради новиот скандал во кој влезе кога се фотографираше со навивач кој на своето руско знаме ја имаше буквата „З“ која е асоцијација за инвазијата на Русија на Украина.

Тој од својот хотел ја славеше титулата на синот. Видеото можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...