Таткото откри: Еве зошто Хабиб го почна хаосот против Мекгрегор

Хабиб Нурмагомедов се уште е во исчекување на казната што ќе му биде изречена за улогата во инцидентот по завршувањето на борбата со Конор Мекгрегор, кога рускиот борец скокна преку оградата и претепа и член од тимот на својот ривал. Тој тврди дека не се чувствува виновен и дека нема намера да оди во Лас Вегас за да ја каже „својата страна од приказната“, но неговиот татко Абдулманап Нурмагомедов откри што го излудело неговиот син во моментите непосредно по големиот триумф над Мекгрегор.

„Цело време имаше конфликти, но забележивме член на тимот на Мекгрегор како не следи секаде и фотографира. Со кого сме, што правиме, какво вино пие Хабиб, секако дека бевме нервозни поради тоа. Јас му забранив да влезе во конфликт со било кого, бидејќи мораше да се фокусира само на борбата и на Конор. Кога борбата завршуваше и тој погледна кон аголот на противникот, таму беше истиот човек што почна гласно со пцовки да го навредува. Мојот син во тие моменти ја загуби контролата и тргна да се пресметува со останатите, бранејќи се себе, своето семејство, земјата и религијата“ – изјави таткото на Хабиб Нурмагомедов.

Се вчитува...