Таткото знае најдобро: Срѓан Ѓоковиќ откри кога Новак ќе му каже збогум на тенисот

Новак Ѓоковиќ и на 36-годишна возраст доминира на тениските терени, веќе освои два од трите гранслем трофеи во 2023 и е главен фаворит за пехарот на УС Опен.

Сепак, јасно е дека неговата кариера се ближи до својот крај, а таткото Срѓан Ѓоковиќ во изјава за српските медиуми обелодени дека очекува Новак да се збогува од тенисот на крајот од 2024 година.

„Не би рекол дека сега е крај, но време е некои помлади да го заземат своето место, па тој полека да се повлекува. За година и пол… тоа е мојата желба како татко, тој да каже крај, да престане да се занимава со оваа тешка работа. Ова не е спорт, туку страшно тешка работа, и на физички и на психолошки план, поради која Новак многу малку ужива во животот. Тој ги има исполни сите мои желби уште пред седум-осум години, се останато е неверојатен бонус. Сепак, тоа не е целиот негов живот, тенисот е само еден аспект од животот на Новак Ѓоковиќ. Верувам дека ќе биде ценет и по она што ќе го прави кога ќе се збогува со играњето тенис, се надевам на крајот од следната година“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

Се вчитува...