Тато Јокиќ и малата Огњена ќе ви го разубават денот (ФОТО)

Никола Јокиќ и неговиот Денвер го вратија брејкот во финалето од НБА лигата со триумф во третиот натпревар, прв кој се одигра на теренот на Мајами. А, во пресрет вториот натпревар во Флорида кој е во етерот денеска од 2 часот и 30 минути по полноќ во јавноста кружи слика од тоа како Србинот го поминува слободното време.

Во кругот на семејството Јокиќ одлучи да прошета низ улиците на Мајами, а фотографијата која ја објави неговата сопруга Наталија како на рамена ја држи својата ќерка Огњена брзо ги разнежни срцата на симпатизерите.

Се вчитува...