Бостон селтикс славеа против Филаделфија со 128-101 поведувајќи со 2-0 во серијата од првиот круг во разигрувањето од НБА плеј-офот.
Два дена откако постави личен плеј-оф рекорд со 31 поен, Џејсон Татум дополнително го поправи со 33 постигнати поени, притоа постигнувајќи осум тројки и на тој начин го сруши и рекордот на Леброн Џејмс со најмногу тројки на натпревари од плеј-оф за кошаркар под 23 години.
Wild stat from @NBCSBoston:
MOST 3PM IN A PLAYOFF GAME (AGE 22 OR YOUNGER)
Jayson Tatum: 8
LeBron James: 7
Kobe Bryant: 6— Marc D’Amico (@Marc_DAmico) August 20, 2020
Џоел Ембид со 34 поени и 10 скока беше единствениот кој се издвои во таборот на Филаделфија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА