Тавареш е најкорисен играч за ноември во Евролигата

Кошаркарот на Реал Мадрид, Валтер Тавареш е прогласен за најкорисен играч на месецот во ноември во Евролигата. Тавареш беше клучен играч на „кралскиот клуб“ во ноември. Реал ги забележа сите пет победи во месецот, а високиот центар го предводеше својот тим со најмногу скокови (35) и блокади (9).

Валтер запиша просек од 11,2 поени, 7 скока и 1,8 блокади, со индекс на корисност 18. Тавареш по втор пат во кариерата ја освои наградата за МВП на месецот. Тој претходно доби „ласкаво“ признание во октомври 2018 година.

Не е само статистиката која одлучува кој ќе биде најкорисен играч на месецот, туку Евролигата ја доделува наградата во однос на личниот учинок и учинокот на тимот. Во октомври најдобар играч беше кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ.

 

 

 

Се вчитува...