Реал Мадрид денеска го игра последниот овосезонски меч во Ла Лига, на домашен терен против Реал Сосиедад, крајно амотивен ако се знае дека ова е воедно и последен меч на „Сантијаго Бернабеу“ за Карло Анчелоти и за Лука Модриќ.
Трофејниот стратег заминува од кормилото на Реал за да стане селектор на Бразил, додека Модриќ ќе остане до крајот на клупскиот мундијал, по што најтрофејниот играч во историјата на Реал и дефинитивно ќе ги напушти „кралевите“.
Денеска во Мадрид се е посветено на овие две легенди на Реал, па „кралевите“ веднаш по почетокот на мечот имаа и објава во чест на Анчелоти и Модриќ: Едноставно, Ви благодариме…
SIMPLEMENTE, GRACIAS. pic.twitter.com/0RNI5EUblV
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 24, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА