Тажна роденденска желба на Нејмар: Сакам само нова метатарсална коска

Нејмар денеска полни 27 години, а бразилскиот ас по тој повод синоќа организираше роденденска забава во која атмосферата не беше на ниво како при вообичаените прослави на фудбалската мегаѕвезда. Причината е разбирлива, Нејмар повторно заработи незгодна повреда поради која ќе паузира најмалку два месеци од терените, па логично е што Бразилецот е крајно разочаран што повторно го остава својот тим на цедило пред клучните битки во Лигата на шампионите.

„Мојата роденденска желба е нова метатарсална коска“ – се обиде да се пошегува Нејмар на сопствена сметка, истовремено борејќи се да ги скрие солзите. „Сакам да се вратам на теренот, да го правам она што најмногу сакам – да играм фудбал. Тешко ми е што цело време сум на штаки, секој спортист ме разбира како се чувствувам“ – одржа Нејмар краток говор пред гостите, меѓу нив речиси сите соиграчи од ПСЖ.

Се вчитува...