Мајами го загуби финалето во НБА лигата од Лос Анџелес Лејкерс. Тимот успеа да забележи две победи, но тоа беше далеку од доволно за да му парира на составот предводен од Лебон Џејмс. Поразот најтешко се чини го поднесе и тренерот на Мајами, Ерик Сполстра. Тој се расплака на прес-конференцијата за медиумите по мечот и речиси 30 секунди си ги бришеше солзите.
„Овие луѓе ќе ја паметата сезонава до крајот на животот. Тоа што го минавме во соблекувалната, сите тие моменти ќе бидат со нас до крајот на животот. Се боревме колку што можевме во финалето, а голем дел од играчите не беа подготвени целосно. Многу ми е жал што не пронајдов начин како да победиме“ – рече Сполстра.
Erik Spoelstra wiping away tears for over 30 seconds before starting his first answer post-game. pic.twitter.com/japm0ctsht
— Will Manso (@WillManso) October 12, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА