Легендарниот југословенски ракометар Златко Портнер ненадејно почина во 59 година од својот живот. Членот на легендарната југословенска генерација од осумдесетите години на минатиот век кариерата ја почна во Хртковци, а преку Црвенке во 1982 година стигна до Шабац каде во следните седум сезони ги испиша најубавите страници на ракометот во генерацијата на „вонземјаните“ во Металопластика со која два пати го освојуваше Купот на шампионите (1985 и 1986 година).
Потоа професионалниот пат го одведе во Барселона која со него стигна до првиот трофеј во Купот на шампионите во 1991 година. По две години поминати во Франција, Портнер кариерата ја заврши играјќи за неколку швајцарски клубови до 2002 година.
Како член на репрезентацијата на Југославија, Портнер освои злато на Светското првенство во 1986 година во Швајцарија и бронза на Олимписките игри во Сеул во 1988 година. Неговиот син златко продолжи по стапките на неговиот татко и во 2019 година со Монпелје ја освои Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА