Фудбалска Србија вечерва е завиена во црно откако беше обелоденета информацијата за смртта на Горан Буњевчевиќ.
Долгогодишниот капитен на Црвена звезда имаше излив на мозокот на 19 мај, неговата состојба оттогаш беше критична, за денеска, на 45-годишна возраст тој да ја загуби најважната битка.
Горан Буњевчевиќ во последната година ја извршуваше функцијата спортски директор на Фудбалскиот Сојуз на Србија. Претходно извесно време беше и директор на Црвена звезда, клуб каде со успех настапуваше неколку сезони, носејќи ја и капитенската лента. Тој во интернационалната кариера го носеше дресот на Тотенхем и на холандксиот прволигаш Ден Хаг, додека за репрезентацијата на Југославија имаше одиграно 16 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА