Тажна вест пристигнува од Хрватска, легендарниот фудбалер на Хајдук, Иван Гудељ ја загуби битката со тешката болест и почина денеска на 65-годишна возраст.
Станува збор за „бисер“ на сплитскиот клуб кој целата кариера ја мина во дресот на Хајдук, настапувајќи на 362 средби за овој клуб и псотигнувајќи 93 гола. Тој имаше и 33 настапи за Југослација, играјќи за оваа селекција на СП 1982 и на ЕВРО 1984.
За жал, неговата играчка кариера беше прекината на само 26-годишна возраст, кога тој за малку ќе колабираше на дуелот со Црвена Звезда, по што беше утврдено дека болува од Хепатит Б. Гудељ се обиде да се врати, но симптомите беа уште поинтензивни, па тој мораше предвреме да се збогува со играњето фудбал.
Гудељ повеќе од три децении се бореше со тешката болест, за утрово да ја загуби најважната битка…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
